Прв пинк базар во Скопје за подигање на свеста за рано откривање на рак на дојка


Во Скопје се организира првиот Пинк базар – „ДА ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ“, уникатен настан за животен стил, кој ќе се организира како дел од проектот за Национална кампања за рак на дојка.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за рано откривање на рак на дојка, но во исто време настанот ќе помогне во надминување на дискриминацијата и стигмата за болните од рак, ќе промовира здрав начин на живот и здравје на жените и ќе ги поддржи пациентите и нивните семејства да излезат од нивните домови и да го прослават животот!

Настанот ќе се одржи во East Gate Mall, Скопје, на 17 декември, сабота, од 12 часот до 16 часот.