Прв отказ поради ковид-потврда во училиште во Хрватска
Дојде до прв отказ во школството во Хрватска поради непочитување на ковид-мерките, јави Јутарњи.
Наставник од Техничкото училите во Бјеловар, кој на 16 ноемрви престанал да доаѓа на работа затоа што не сака да се тестира, ниту да се вакцинира за корона вирус, повеќе не работи во училиштето.
На тоа му претходеле две претходни предупредувања пред отказот.
Во училиштето бил вработен од 1 септември оваа година.
„Повод за раскинување на договорот е несогласување со мерките. Морам да кажам дека колегата не правеше никакви скандали, не се закануваше, не доаѓаше пред училиштето, просто не се согласуваше со воведените мерки и од нивното воведување ниту еднаш не дошол на работа“, рече Дарио Малогорски, директор на училиштето.
Појаснува дека колегата навистина бил коректен и се согласил на спогодбен отказ.
„Во оваа ситуација тоа е најдобро решение. Во неговите принципи не можам да влегувам, но нагласувам, дека колегата беше навистинак оректен, освен што не доаѓаше на настава, па мораше да бараме замена“, додава директорот
Училиштето ќе распише конкурс за нов наставник.
Нада Ловричиќ, претседател на Независниот синдикат на вработени во училиштета, вели дека ова е неизмерен губиток за школството.
„Секој инженер кој одлучил да инвестира 8,5 илјади куни сопствени средства и речиси две години на дополнително школување за да положи психолошко-педагошки испит и бил доволно стручен за работа во средно училиште, покажува колкава била неговата желба и потреба да шридонесе во развојот на младите. Поради ковид-потврда, еден сон за работа во школстовото е угасен. И додека директорите се жалаат дека нема инженери, математичари, електротехничари, информатичари, ние од системот исфрливме еден човек“, рече Ловриќ и додаде дека со неговото заминување добива стопанството.
Од Здружението на директори на средни училишта, се надеваат дека нема да има многу вакви случаи.