Провокација од Софија: Каракачанов го кани Мицкоски на пречекот на моштите на Цар Самоил
Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и еден од архитектите на ветото, Красимир Каракачанов, настојувајќи да ја оќивее партијата ВМРО во бугарската јавност испрати провокативна покана до македонскиот премиер Христијан Мицкоски да дојде во Софија на пречекот на моштите на Цар Самоил. Церемонијата ќе биде на 3 октомври, а според договорот на грчката и бугарската влада за меѓусебна размена тие ќе бидат предадени од визанстискиот музеј во Солун.
Во пораката Каракачанов го нарекува Самоил „голем бугарски владетел“:
„Сметам дека Вашето присуство на оваа церемонија би било од особено значење – не само како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја, туку и како можност да се потврди посветеноста на Република Бугарија и на Република Северна Македонија кон добрососедството, почитувањето на историската меморија и спроведувањето на обврските преземени меѓу двете земји со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 1 август 2017 година“, пишува во поканата Каракачанов.