Против носење маски во училиштата, Струмица протестираше со караван


Членови на здруженијата „Слобода и правда’’ од Струмица и „Од нас за нас’’ од Скопје денеска со автомобили организираа протестен караван по улици во струмица барајки учениците во второто полугодие за време на наставата да не носат заштитни маски.

Според нив како што кажаа претседателките на двете здруженија маските се штетни по здравјето на децата а училишните одбори ниту министерството за здравство нема конкретен одговор колку овие маски што се носат за време на часовите се ефикасни од заштита од Ковид-19, јави 24Вести.

-Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба и е потребно да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маските, особено маските од сите протоколи, не треба да ги носат, рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас“, пренесе Сител.

Од Здружението „Слобода и правда“ од Струмица велат дека со актуелните протоколи се кршат повеќе закони и голем број човекови права.

-Имаме повторно поднесено барање до училишните одбори да ни кажат дали тие ги имаат усвоени протоколите, а ако не по кој закон и по која основа ги применуваат протоколите, рече Лидија Панова од Здружението „Слобода и правда“.

Граѓаните и здруженијата кои не ги поддржуваат ковид-мерките повеќе месеци повремено протестираат со организирање протестни каравани со автомобили и бараат укинување на мерките.