Протестите во Бугарија се помасовни


Протестите од минатото лето ја потресоа Бугарија, но социјалистите не знаеја што да направат со тој народен гнев. Одлучија да останат настрана и да се свртат кон национализмот

На две крстосници во центарот на Софија целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои уште синоќа се заканија дека ќе постават шаторски камп.

Полицијата го пренасочува и го регулира сообраќајот, а јавниот превоз го измени возниот ред.

Во повеќе од десет бугарски градови вчера се одржаа најмасовните антивладини протести, кои се одржуваат веќе 21 ден по ред.

Беа блокирани клучни улици во Софија и во другите градови. Барањата на демонстрантите остануваат непроменети, а тоа се оставки на Владата, лично на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер избори.