И овој петок  во паркот Чаир е закажан протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира се до Влада.

Учесниците на минатонеделниот протест во Скопје кој заврши пред Владата, покрај барањето за итно поништување на последната одлука на РКЕ, побараа и нејзино распуштање, а побараа и да се формира независно арбитрарно тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, односно, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.

Според тоа кој ги организира и каде, се јавија сомневања дека зад нив стои ДУИ, која сака да покаже што ќе се случува ако не биде вклучена во идната влада. Вакви протести се веќе видена работа од страна на оваа политичка партија, а најпознат беше тој на Кале што го предводеше Артан Груби.