Протести низ цела Хрватска против ковид пропусниците


Од протестите во Загреб

Речиси во сите поголеми градови во Хрватска синоча беа одржаби протести на противниците на воведувањето на ковид пропусниците. На Парковиот плоштад во загреб, каде е седиштетот и на владата и на парламентот се собираат неколку стотици луѓе веќе неколку дена по ред  кои се незсдоволни од широкото воведување на ковид потврдите , кои од 15 ноември ќе бидат задолжителни во сите јавни и државни служби, како за вработените, така и за оние што доаѓаат во нивните простории. Како што јави РТЛ се собрале 300 души со свеќи.

Демонстрантите рекоа дека сакаат „да го запрат угнетувањето на граѓаните и дека потврдите на ковид не се прифатливи за нив“. Тие исто така рекоа дека „голем број луѓе умираат затоа што не можат да добијат медицинска нега затоа што болниците се блокирани со сертификати за ковид и на други начини“.

Протест против потврдите за ковид се одржа и во Пула. На плоштадот до главниот градски пазар, триста граѓани се собраа на мирен протест против носењето маски, потврдите за ковид и одлуките на владата.

Граѓаните протестираа и во Сплит. Околу стотина луѓе се собраа во сплитска Пјаца, носејќи свеќи. „Тука сум да се борам за слобода. Ова не е поделба на вакцинирани и невакцинирани. Моето тело – мој избор“, рекла жена што протестираше, пишува „Далмација денес“.

Во пресрет на синоќешниот протест, на социјалните мрежи почна да се шири повикот под слоганот „Светлина против темнината“ во кој се повикуваат граѓаните, како што напишаа, симболично да укажат на „самракот на демократијата и воведувањето на тоталитаризам, сегрегација, дискриминација и уцени во здравствените установи, принудно тестирање и вакцинација“, пишува „Слободна Далмација“.

Во Задар се собраа и петстотини членови на граѓанската иницијатива „Слободни луѓе“.