Протести на „жолтите елеци“: Демонстрантите ги повикувале полицајците да се самоубијат


Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер  рече дека е срамота што во текот на демонстрациите „жолтите елеци“ ги повикувале полицајците да се самоубијат.
Полицискиот синдикат одржа мирен протест во петокот, на 19 април, по самоубиството на двајца свои колеги минатата седмица.
Во Франција во пораст е бројот на самоубиства на полицајци.
Од почетокот  на годината 28 полицајци си го одзедоа животот, а минатата година 68.
Новинарите од агенцијата АП вчера, за време на протестот слушнале како демонстрантите извикувале „убијте се“, откако силите на редот употребија солзавец и гумени куршуми.
Во текот на вчерашните протести дојде до судир меѓу полицијата и „жолтите елеци“.
Демонстрантите ги гаѓаа полицајците со различни предмети и палеа канти за ѓубре, скутери и автомобили.