(Видео) Протест за убиството на младиот кошаркар од Ново Лисиче


Другарите, соседите и роднините денеска попладне одржаа протестен марш за младиот кошаркар Никола Христовски кој лани беше убиен во Ново Лисиче.

Протестот беше закажан откако судот  го осуди убиецот на три години затвор.

Насобраните маршираа од крстосницата кај Јане Сандански до местото на убиството. Тука застанаа со минута молк сеќавајки се на Никола.

Извикуваа: „Правда за Кољо!“, а пото продолжија во Детска улица до црквичката неодамна направена во близина на зградата во која живееше убиениот Христовски.

„Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем.

Бараме правда за  НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО.
БАРАМЕ ДА СЕ ВОСПОСТАВИ СИСТЕМ КОЈ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА УЛИЧНИТЕ УБИСТВА“, стоеше во повикот на протест на социјалните мрежи.