Протест во Куманово против онлајн наставата


Ученици од Куманово денеска мирно протестираа против онлајн наставата барајќи да им се дозволи физичко  присуство. На протестот учествуваа ученици кои следат настава на македонски и ученици кои следат настава на албански наставен јазик. Учениците и дел од родителите на протестот велат дека онлајн наставата не е соодветна, нема услови за непречено одвивање и нема да ги даде посакуваните реаултати.

Учениците, но и некои родители кои го подржаа протестот кажаа дека дел од учениците немаат опрема за следење на наставата и сакаат да се вратат во училишните клупи, бидејќи сметаат дека онлајн наставата нема да ги даде посакуваните резултати, но и дека не секој ученик има уред за таков вид настава. Учесниците на протестот нагласија дека не може да има Ковид-19 само во училиште и посочија дека цело време  работат ноќните клубови, кафулиња.