Протест во Киев против политиката на Зеленски

Во центарот на Киев се одржува протест против политиката на украиснкиот претседател Володимир Зеленски.

За време на прес-конференцијата, посветена на првата годишнина од неговото стапување на претседателската функција на 20 мај, Зеленски изјави дека нема да биде во можност да ги исполни своите обврски за време на еден претседателски мандат. Тој додаде дека ќе размисли за втор претседателски мандат, иако за време на предизборната кампања постојано наведуваше дека ќе се кандидира само за еден мандат. Шефот на украинската држава нагласи дека не е задоволен од постигнатото за една година.

На протестот учествуваат неколку стотици лица, а некои од нив носат знамиња на различни националистички организации. Демонстрантите изразуваат незадоволство од постапките на власта, вклучувајќи и во однос на Донбас.

Засега протестот се одвива мирно.