Протест против Радев: „Ова не е Москва, дај си оставка!“


Граѓани спопладнево е собраа пред претседателската палата во Софија за да му порачаат  на шефот на државата Румен Радев дека Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и НАТО. Демонстрантите вееја бугарски знамиња, знаме на ЕУ, како и украинско знаме, со оглед на тоа дека Украина е кандидат за членство во ЕУ.

„Фуражка – авион за Москва“, „Не сум црвен, јас сум Румен“, „ПРЕZИД- END“, „Радев
изневерена европска Бугарија“, „Радев е интригант, гарант на Русија“, стои на постерите на  демонстрантите, додека граѓаните скандираат: „Ова не е Москва!“, „Радев е предавник“ и „Оставка“. Напротестот има организирано потпишување за импичмент на претседателот Румен Радев.

Претходно од ПП изјавија дека го поддржуваат протестот. На протестот пристигнаа Кирил Петков, Даниел Лаурер и  Настимир Ананиев. Јавор Божанков им порача на граѓаните кои протестираат дека е шокиран од напорите што се прават Бугарија да не добие редовна влада.

Иван е еден од демонстрантите пред претседателската зграда. Тој  изјави дека е тука затоа што сака импичмент на претседателот Румен Радев.

„Последниве неколку дена беа прилично брутални за мислењето за претседателот, така што ние сме тука да го изразиме нашето граѓански протест“, рече демонстрантот, објаснувајќи дека е незадоволен од целокупната политика на шефот на државата, како и од неговите постапки вчера, кога го предаде вториот мандат за формирање коалициска влада на  „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

 Во објава на Фејсбук, Кирил Петков напиша: „Денес повторно вистинскиот гарант на демократијата – народот од плоштадот, ќе изјави дека автократските амбиции нема да се остварат, дури и кога функционерите поставени од претседателот ги искористија сите свои ресурси – но не во одбраната на националната безбедност, туку во производството на политички компромитации. Старите служби, кои работат од утро до вечер за да направат компромитации јасно чувствуваат дека го трошат своето историско време. Ова се случува од една, единствена причина – има неколку стотици илјади граѓани кои велат „Бугарија е европска земја и има потреба од европска влада“, порача  Петков.

Пред толпата, Асен Василев истакна дека е среќен што гледа толку многу луѓе на плоштадот бидејќи во Европа се спушта нова железна завеса, која го дели континентот на демократска и просперитетна Европа и поранешниот Советски Сојуз.

„Веќе живеевме на погрешната страна на завесата и нема да дозволиме тоа да се повтори“, додаде тој.

Група демонстранти држеа плакат со натпис „Гласавме за тебе, зошто не изневери и го смени курсот“. Тие објаснија дека на протестите во 2020 година го препознале Радев како свој, како дел од борбата против корупцијата стимулирана од Кремљ да ја задржи Бугарија слаба и сиромашна. „Што му се случи“, се запраша еден 40-годишен маж. Една жена до него се сеќава дека рускиот генерал Решетников, во телефонско интервју во емисијата на Георги Коритаров во 2016 година, го поддржал Румен Радев како соодветен инструмент за пренасочување на насоката на Бугарија од НАТО и ЕУ. 

Протестантите бараат да се почитуваат уставните механизми за парламентарно владеење и редовна влада. Причина за протестот е повеќепати изразениот „неутрален“ став на Радев за војната во Украина, како и неговото инсистирање да не се исполни вториот мандат за редовна влада.