Протест на докторите во Грција


Лекарите во јавните болници низ Грција организираа протести денеска за да бараат дополнителен персонал, повеќе легла на интензивна нега, подобра заштитна опрема и мобилизација на приватни клиники.

Членовите на синдикатот на лекарите, со маски и на потребната дистанца, се собраа пред нивните болници со транспаренти на кои пишуваше „покриените усти сè уште имаат глас“. Во една болница во централна Атина се појави тензија кога полицијата се обиде да го растера толпата, но на крајот полицијата им дозволи да го завршат својот протест.

Освен во неколку болници во Атина, слични протести се одвиваа и во други градови низ целата област, од Серес во северна Грција до Крит на југ и Лезбос во Егејот.