Протече писмо од Трамп до Ердоган: Немој да бидеш будала…
Американскиот претседател Доналд Трамп му пишал писмо на турскиот претседател Реџеп Тајип Егдоган кога почма офанзива против Курдите на северот на Сирија, порачувајќи му да не биде бидала, затоа што, доколку продолжи со офанзивата, засекогаш же го гледаат како ѓавол.
Писмото протече во американските медиуми, а потоа доби и потврда за автентичност од белата куќа. Упатено е на 9 октомври, кога турските сили покренаа офанзива против Курдите во северна Сирија.
„Ајде да разработиме добра спогодба. Не сакате да бидете одговорен за колеж на илјадници луѓе, не сакате да бидете одговорен за уништување за турската економија, што јас ќе го направам ако бид епотребно“, наведува Трамп во писмото.
Потоа реферира за економските санкции кои Америка ѝ ги наметна на Турција за да издејствува ослободување на американскиот пастор затворен во Турција, порачувајќи дека тоа е мал дел од она што можело да се случи.
“Напорно работев за да решам некои од вашите проблеми. Немојте да го изнервирате светот. Може да склопите одличен договор“, пишува понатаму Трамп и наведува дека командантот на курдските сили е подготвен на преговори и отстапки.
„Историјата ќе биде добра кон вас ако ова го направите правилно и човечки. Но, ако не се случат добри работи, засекогаш ќе ве гледаат како ѓавол. не бидете груби. Не бидете блесав“, напиша трамп на крајот.
Трамп по турската офанзива на северот на Сирија им нареди на американските сили да се повлечат од тоа подрачје.