Просторот спроти „Блок кафе“ во Аеродром ослободен за пешаци

Заштитни столпчиња се поставени спроти „Блок кафе“ во Стар Аеродром, со што конечно тротоарот и целиот простор кој често беше заземан од непрописно паркирани возила е оспособен за слободно движење на пешаците и велосипедистите.
Изминатиот период се поставени заштитни столпчиња на повеќе локации низ Аеродром со што се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги поставуваат столпчињата на точки за кои од граѓаните добивавме поплаки за несовесно паркирање на необележани локации.
Ја продолжуваме одличната соработка со ЈП „Улици и патишта“ и работиме за поголема безбедност за сите наши граѓани, соопштија од општината.