Skip to content
31/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Проширувањето изостана од говорот на Фон дер Лајен пред Европарламентот

16/07/2019 12:06

Франција – Кандидатката за претседателка на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, утрово пред Европскиот Парламент ги презентираше темите кои ќе и бидат политички приоритети за време на нејзиниот мандат доколку ја добие довербата на пратениците. Проширувањето на ЕУ не беше споменато ниту еднаш.

Германката од редовите на партијата на Ангела Меркел, која до вчера беше и министерка за одбрана во германската Влада, се бори денеска да изнајде тесно мнозинство од Европскиот Парламент.

Имено, Фон дер Лајен беше компромисно решение на земјите членки на ЕУ откако пропадна процесот на „Шпиценкандидати“ по последните европски избори. Според овој процес, водечкиот кандидат на победничката партија треба да биде назначен и потоа изгласан за претседател на Европската Комисија. Но, на противење на неколку држави предводени од Франција, процесот пропадна, што ги разгневи пред сѐ партиите на Зелените и на Социјалдемократите.

По една недела средби со сите политички партии во ЕП и одговарање на прашањата на пратениците, Фон дер Лајен денеска ја бара нивната доверба.

Нејзиниот говор се фокусираше на големите политички теми кои ќе бидат во срцето на политиките на ЕУ во наредните пет години, со посебен акцент врз прогресивните теми кои би требало да и ги донесат потребните гласови од центар левите и Зелените партии.

Таа започна со нејзините планови за борба против климатските промени ветувајќи „Европски Зелен Дил“ во првите сто дена од нејзиното преземање на функцијата и поднесување првпат европски климатски закон, како и значително зголемување на инвестициите во борбата против климатските промени.

Фон Дер Лајен нагласи дека очекува од земјите членки да номинираат доволно жени еврокомесарки за нејзиниот мандат, и дека доколку тоа не биде сторено таа нема да се двоуми за да ги одбие назначувањата. Германката изрази волја насилството против жените да биде запишано во европските повелби, а Европската Унија да се приклучи кон Истанбулската Конвенција, која досега не е ратификувана во повеќе земји членки на Унијата

Првата жена кандидатка за претседател на ЕК се осврна и на една од најчувствителните теми во ЕУ: миграцијата.

Таа потсети дека ЕУ има должност да го почитува правото на азил, да им дава меѓународна помош на бегалците и да ги спречи трагичните загуби во Медитеранот.

-Европа мора да ги брани своите вредности, потребни ни се хумани граници, мораме да спасуваме но спасувањето само не е доволно, треба да ја намалиме нерегуларната миграција, додаде Фон дер Лајен, уверувајќи ги пратениците дека е свесна оти темата создава длабоки поделби во Парламентот.

Таа изјави дека повторно ќе ја стави на маса реформата на системот на азил, реформа која пропадна под притисокот на анти-имигрантските влади во ЕУ.

Фон дер Лајен се заложи за борба за мултилатерализмот и трансатлантските односи, но истовремено и за зајакнување на сопствена европска одбрана без да навлезе подлабоко во оваа исто така поларизирачка тема за пратениците.

Во однос на Брегзит, кандидатката изјави дека е подготвена да прифати пролонгирање на рокот за напуштање на Британија доколку за тоа има добри причини.

За политиката на проширувањето за земјите од Западниот Балкан не стана збор во денешниот говор на Урсула Фон дер Лајен, иако претходните денови, одговарајќи на пратенички прашања, таа порача дека Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори за членство во ЕУ.

Гласањето за Фон дер Лајен на местото на Жан-Клод Јункер е предвидено околу шест часот попладнево. Очекувањата се дека таа ќе успее да собере доволно гласови, но сепак со тесно мнозинство.

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Како дојде до кризата во Полска?
31/10/2026 10:10
Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
31/10/2026 10:10
Канада и ЕУ најавуваат нов сојуз за земји со слични размислувања
31/10/2026 09:10
Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
31/10/2026 08:10

Полицијата во дворот на Уставниот суд во Полска, претседателот итно се враќа од Сенегал
30/10/2026 23:10
Италија гори: Десетици илјади луѓе на улиците, судирите со полицијата продолжуваат
30/10/2026 23:10
САД одобрија продажба на ракети „Патриот“ на Украина во вредност од 2,1 милијарда долари
30/10/2026 21:10
Европските дипломати одбија да се фотографираат со Лавров на состанокот на Г20
30/10/2026 20:10

Најчитани


  • Уапсен директорот на гимназијата во Нови Сад каде што беше напишан графитот „Ќаци“
    28/10/2026 21:15
  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42
  • Главниот уредник на РТВ Војводина поднесе оставка. Телевизијата се извини: „Со години, затворавме едно око“
    26/10/2026 19:28
  • Јотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со Ѓуров
    25/10/2026 19:08
  • Жителите на Кисела Вода бараат поместување на автобуската постојка на линијата „24“
    26/10/2026 12:58

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење