Просечната плата во мај 26.390 денари, највисоки платите во ИТ, финансиите и фармацијата


Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани. 

Според објавените податоци највисоките плати, а кои исто така бележат и најголемо зголемување се во дејноста информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност изнесувала 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто.

Раст од 12,3 отсто е забележан и кај платите на вработените во образованието, каде просечната плата во мај изнесувала 27.196 енари.

Во дејностите на здравствена и социјална заштита е забележан раст од 8,1 отсто и исплатената просечна плата по врабоен изнесува 31.492 денари.

Во финансиската дејност, просечната плата во мај изнесувала 43.731 денар, во административни и помошни услужни дејности 19.722 денари, во дејноста уметност, забава и рекреација 20,698 денари, во трговијата 23.898 денари.

Во индустријата просечната плата во мај изнесувала 29.112 денари, кај услугите 29.065 денари, земјоделските дејности 21.540 денари, рударство 35.656 денари, преработувачка индустрија 21.270 денари.

Просечна плата од 48.280 денари е исплатена во производството на фармацевтски производи, во градежништвото просекот бил 25.062 денари, во транспортот 24.279 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации за 15,5 отсто, градежништво за 5,2 отсто и динансиски дејности и дејности на осигурување за 4,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 39.398 денари.