Просечната нето плата во Србија во февруари била 883 евра


Просечната нето плата за февруари годинава во Србија изнесувала  103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра), соопшти денеска српскиот Завод за статистика.
Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално, односно 6,2 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за февруари годинава е номинално поголема за 10 проценти, а во реалност за 5,3 проценти.