Просечната каматна стапка на кредитите во февруари намалена на месечно ниво, пораст кај вкупните депозити


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари изнесувала
5,52 проценти и на месечна основа е намалена за 0,03 процентни поени, додека кај депозитите изнесувала 1,76 проценти и на месечно ниво бележи зголемување од 0,04 процентни поени, објави денеска Народната банка. 

На годишно ниво, кај кредити се бележи зголемување на просечната каматна стапка од 0,52 процентни поени, а кај депозитите за 0,76 процентни поени. 

Кај новоодобрените кредити во февруари просечната каматна стапка изнесувала 5,35 проценти и бележи месечен и годишен раст од 0,13 и 0,15 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесувала 2,31 проценти и бележи раст од 0,09 процентни поени на месечно ниво и зголемување од 0,60 процентни поени на годишно ниво.