Пропалестинските демонстрации во Мадрид ја прекинаа велосипедската трка „Вуелта а Еспања“

Шпанските власти велат дека повеќе од 100.000 луѓе учествувале во пропалестинскиот протест што предизвикал предвремен крај на последната етапа од велосипедската трка „Вуелта а Еспања“.
Претставникот на централната влада за регионот Мадрид, Фран Мартин Агире, изјави дека властите проценуваат дека повеќе од 100.000 луѓе учествувале на синоќешниот протест, додавајќи дека две лица биле приведени од полицијата.
Демонстрантите постојано ги запирале велосипедистите и се судриле со полицијата за време на последната етапа од трката. Снимките од локалните медиуми покажаа луѓе како ги соборуваат металните бариери и ја окупираат тркачката рута на неколку места додека полицијата се обидувала да ги потисне назад.
Трката стана дипломатско бојно поле, при што шест од последните 10 етапи од „Вуелта а Еспања“ беа прекинати или запрени, а повеќе од 20 лица беа приведени од полицијата.
#LaVuelta25 | Official statement – Comunicación oficial
For security reasons, stage 21 of La Vuelta has been ended early. There will be no podium ceremony.
La etapa 21 de La Vuelta finaliza por motivos de seguridad. No habrá ceremonia protocolaria de podio.
— La Vuelta (@lavuelta) September 14, 2025
Шпанскиот премиер Педро Санчез им се придружи на Ирска и Норвешка во признавањето на палестинската држава, а Шпанија стана првата европска земја што побара од Судот на правдата на ОН дозвола да се придружи на случајот што го покрена Јужна Африка против Израел за геноцид. Пред синоќешните протести, шпанскиот премиер повика на почитување на спортистите, но изрази восхит кон оние што се мобилизираат за такви цели.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ги критикуваше коментарите на Санчез, за кои Саар рече дека ги охрабриле демонстрантите.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, исто така, го критикуваше шпанскиот премиер, нарекувајќи ја неделата тажен ден за шпанската престолнина.