Пропадна одлучувањето за аболицијата на Уставен


Фото: Б. Грданоски

Откако денеска уставните судии одлучуваа за членот 11а од Законот за помилување, врзан за аболицијата на Иванов од 2016. година, исходот беше 4:4, па оттаму не успеаа ниту да се договорат дали ќе има повторна седница по предлог на Осман Кадриу.

Кадриу предложи да се одложи расправата за одлуката по членот 11а, со оглед на тоа дека постојат разлики помеѓу ставовите на судијата Дарко Костадиновски кој впрочем е известител за оваа иницијатива како и предлоговт на судијата Владимир Стојановски кој од минатата година овој предмет го презеде во свои раце, иако неговиот мандат заврши.

Ако уставните судии дојдеа до резултат со кој ќе се поништеше членот 11а, во тој случај ќе беше активирана аболицијата за 56. лица, по што сите процеси на Специјалното јавно обвинителство ќе „отидеа по вода“, а истите опфатија поранешни функционери како Мијалков, Груевски, Јанакиевски, Јанкуловска.

Токму членот 11-а тие го спорат и до судот во Стразбур каде што ја тужат државата моментално, затоа што води судски процеси против нив, а тие биле помилувани.