Пронајдено телото на правнукот на Кенеди

Телото на правнукот на Роберт Ф. Кенеди, Гидеон Мекин (8), најдено е една недела по исчезнувањето, откако тој и неговата мајка возеле кану.

Неговото тело е пронајдено на неколку километри од местото каде беше најдено телото на неговата мајка Мејв Кенеди Таузенд Мекин, пишува Ројтерс.

Момчето и мајка му во четвртокот  возеа кану, но фати невреме и тие исчезнаа. Всушност, семејството се самоизолирало во куќата за одмор бегајќи од Њујорк. Играјќи топка, таа им паднала во вода, по што мајката со синот се качиле во кануто да ја земат топката, но ветерот ги однел на пучина и не можеле да се вратат.

Мејв Кенеди Таузенд Мекин беше внука на Роберт Кенеди, кој е убиен во 1969 година. Неговиот брат Џон убиен е во атентатот во 1963 година, а неговиот син Џон Џуниор загина во авионска несреќа во 1999 година.