Пронајдено телото на актерката Ривера, се чека аутопсијата


САД- Пет дена од исчезнувањето и прогласувањето за мртва, полицијата го пронајде телото на актерката Наја Ривера (33) која исчезна за време на патување со брод заедно со четиригодишниот син, во езерото Пиру во Вентура Каунти. Се чека аутопсијата да ги открие причините. Нема траги од насилство на телото.

Актерката изнајмила брод и испловила заедно со синот, но откако не се вратила по три часа, колку што го имала изнајмено бродот, крајбрежната стража го нашла бродот како бесцелно плови, а детето било внатре и спиело. Веднаш била почната истрага со нуркачи и хеликоптери.

Има многу информации во врска со случајот, но наводно детето рекло дека мајката отишла да плива и не се вратила. Детето имало на себе елек за спасување, а на бродот бил најден елек за спасување за возрасен.

Ривера се прослави со улогата на Сантана Лопез во популарната серија „Glee“ на Fox каде играше до 2015 година, а потоа имаше улога во серијата „The Royal Family“ и во комедијата „The Master of Disguise“.

Ривера претходно беше омажена за актерот Рајан Дорси.