Пронајдено починато лице во близина на поранешниот хотел „Кристал“ во Куманово


Во СВР Куманово денеска е пријaвено дека во монтажните тоалети, во близина на поранешен  хотел „Кристал” има починато 29 годишно лице. По овластување на Основен суд Куманово увид извршила екипа на СВР Куманово.
Според наодот од лекар мртвопроверител, причината за смртта била предозирање со опојни дроги, се наведува во соопштението на СВР Куманово.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители на Черкезе и еден жител на село Лопате кои сториле осум кривични дела, од кои четири „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид“, и едно кривично дело „кражба“.  Полицијата ги поднела пријавите против 21 – годишниот К.А од Черкезе, против 23 – годишниот Ш.А од Лопате и една година постариот Б.А од Черкезе. Тие во период од само три месеци, од 21 март до 28 јуни годинава, со употреба на сила и преку незаклучени врати влегувале во куќи во селата Матејче, Оризаре, Ваксинце, Отља и Черкези, при што во четири случаи не одзеле ништо, а во четири случаи одзеле златен накит, мобилни телефони и апарати за домаќинство.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава и против 29 – годишниот Д.Ц поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил привреден во полициската станица на четврти јуни, годинава и при извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана.