Пронајдено исчезнато лице од Зелениково


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, на патот за Марков манастир денеска го пронашле З.С.(50) од село Зелениково, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот и имал здравствени проблеми.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи вчера околу 22:30 часот во Полициската станица Драчево З.С.(55) од село Зелениково пријавил дека неговиот 50-годишен брат, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од дома.

По пронаоѓањето, лицето било однесено во Полициската станица Драчево и било предадено на семејството.