Пронајдени телата на сите загинати, Русите шпекулираат дека смртта на Пригожин е исценирана
Руските медиуми објавија дека се пронајдени телата на сите десет загинати во авионот што се урна денес во близина на Москва и, според сите информации, во него бил и шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин. Веста за неговото загинување, како и на неговиот заменик во Вагнер го потврдија и од оваа војска преку мрежата Телеграм:
„Евгениј Пригожин, шефот на групата Вагнер, херој на Русија и вистински патриот на својата татковина, беше убиен како резултат на дејствијата на предавниците на Русија.Но, дури и во пеколот, тој ќе биде најдобар! Слава на Русија!“- објавија од Вагнер.
Руската државна телевизија РБЦ вели дека истрагата за несреќата ги разгледува сите можни причини за несреќата, вклучително и „надворешно влијание“.
„Ги разгледуваме сите верзии на настани, вклучително и грешка на пилотот, технички проблеми и надворешно влијание“, изјави извор од органите за спроведување на законот за РБЦ.
Веднаш по објавувањето на веста во Русија почнаа да се шират шпекулации дека Пригожин можеби си ја изрежирал смртта бидејќи тоа е најдобриот начин да исчезне. Мешу нив е и популарната политикологка Екатерина Шулман:
-Ако некој сака да исчезне засекогаш, земајќи еден од неговите многубројни резервни пасоши со себе, изгорен авион е соодветен изговор. Гавран нема да ти ги собере коските,напиша таа.
Критичарот на Путин и поранешен нафтен тајкун Михаил Ходорковски оцени дека во светот во кој живее рускиот претседател Владимир Путин, меѓу ганстерите, само така се завршуваат работите.
-Пригожин е втората последна личност што некогаш би ја оплакувал. Тој дури и стави цена на мојата глава – но животот, се чини, доби поинаков тек. Се чини дека она што го имаме овде е најново вонсудско убиство. Ако Русија беше нормална држава, тогаш неговиот бунт ќе доведеше до судење, или можеби дури и амнестија. Што и да мислиме за Пригожин, несовесно е да се убие некој без судење, особено кога не се криел. Но, во светот каде што работи Путин – светот на гангстерите – само така може да се завршат работите. На крајот на краиштата, кој знае што можеше да рече на суд?-напиша Ходорковски.

Главниот уредник на RT, Маргарита Симонјан исто така изјави дека една од теориите што се дискутира е дека овој инцидент бил исцениран, но таа лично е наклонета на поочигледното објаснување.
Колаборационистичкиот функционер во анектираната област Запорожје, Владимир Рогов се јави исто така:
Само што разговарав со некои истакнати „музичари“ [борци на Вагнер].Тие ја потврдија смртта на Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин.Нека е мирот Божји со новопокојните Божји слуги, Евгениј и Дмитриј, порача тој.
Уривањето на авионот на Евгениј Пригожин „не беше многу изненадувачки“, изјави за Медуза извор близок до администрацијата на Владимир Путин. „По бунтот имав чувство дека ќе дојде до лош крај. [Кремљ] не простува такви работи“, рече оваа личност.
Според истиот извор, прекинатиот бунт на Пригожин против руското воено раководство, што се случи точно пред два месеци, го навело Путин до заклучок дека шефот на групата Вагнер повеќе не е „сигурна и контролабилна личност“.
„По сета логика, оружениот имот не треба да биде во рацете на несигурна личност“, подвлече изворот.
За возврат, извор близок до раководството на московскиот регион рече дека претходно во средата, не многу пред несреќата, Пригожин наводно се сретнал со претставници од Канцеларијата на градоначалникот на Москва за да разговараат за снабдувањето со храна за институциите од јавниот сектор. (Компаниите поврзани со Пригожин доставуваа храна до различни јавни институции во Русија со владини договори многу години.)
Двајца од изворите на Медуза блиски до Кремљ сепак се изненадени што Пригожин „ништо не научил“ по неговиот неуспешен бунт и продолжил да работи во Русија.
„Тој има многу работа во Африка, тој самиот работи со раководствата на африканските држави. Засега никој не се мешал во ова и не го избркал. Зошто му се потребни договори за училишни оброци овде со оглед на ризиците? Тој не е будала, изгледаше дека разбира сè“, рекој овој извор за Медуза.
Според ова лице, дејствијата на Пригожин покажале дека тој не ги обсервирал како што треба „љубезностите“и продолжил да работи во Русија речиси отворено – и покрај изјавата на највисокото раководство по јунскиот бунт дека тој „ќе замине во Белорусија“. Изворите на Медуза одбија да коментираат кој можеби бил заинтересиран за можен обид за убиство на Пригожин. Пред јунскиот бунт, извори на Медуза блиски до Кремљ не ја исклучуваа можноста руските безбедносни сили да ја „запрат“ непослушноста на Пригожин.
Инаку, извештаи за смра на Пригожин се појавија повеќе од еднаш. Кога воен товарен авион Ан-72 со осум лица се урна во октомври 2019 година во Демократска Република Конго, беше објавено дека меѓу нив бил и основачот на Вагнер, но подоцна се дозна дека тоа не е така. . Во 2022 година, медиумите и каналите на Телеграм објавија дека Пригожин можеби умрел во регионот Луганск, а потоа и тоа се покажа како невистинито.