Пронајдени се телата на девојките кои се држеа прегрнати во Италија пред да ги зафати поројот
Пожарникарите утрово од реката Натисоне во Италија извлекол безживотни тела на две девоки.
Станува збор за Патриција Кормос и Бјанка Дорос, кои во петокот ги однела реката со нивниот пријател Кристијано Молнар, пренесува Кориере дела Сера. Се уште трагаат по младиот човек. По долга ноќ на неуспешна потрага, летовите со хеликоптери и беспилотни летала продолжија во мугрите, а тимови од пожарникари и цивилна заштита неуморно ја пребаруваа областа.
Родителите на двете девојчиња попладнето ги идентификувале телата во мртовечницата.
Како што покажа последното видео, тројцата се гушкаа за да одолеат на струјата, но тоа не беше доволно. Спасувачите се обиделе да им пријдат со кран и да им фрлат јаже за да ги спасат, но не успеале да ги закачат. Недолго потоа ги однел порој и им се губи секаква трага.
Северна Италија беше погодена од поплави во последните неколку недели, кои станаа речиси вообичаени во последните години. Покрај реката Натисоне кај Удине, во близина на Виченца и Падова се излеа и реката По, предизвикувајќи големи штети на земјоделските површини, а некои луѓе мораа да бидат евакуирани.
Ситуацијата беше особено лоша во регионот Венето, каде повремено паѓаа 70 милиметри дожд за 30 минути. Локалните жители обилните дождови ги опишаа како „водени бомби“, а научниците предупредуваат дека таквите екстреми се резултат на климатските промени и дека мора да се преземат активности за да се намали нивното влијание.