Пронајдена почината скопјанката Зојка која беше исчезната


Скопјанката Зојка Луковиќ на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа, алармирајќи ја полицијата и соседите со надеж дека ќе добие информација за судбината на својата мајка.

Денес Министерството за внатрешни работи информираше дека таа е пронајдена почината во близина на манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија.

„Денеска (06.01.2023) во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, информираат од МВР.