Пронајдена дрога во угостителски објект во Битола, уапсени осум лица


На овие локални избори најтешката задача за партиите ќе биде да ги мотивираат битолчани да излезат на гласање

Полициски службеници од Битола пронајдоа дрога во угостителски објект, а во текот на ноќта во координација со овластени лица од други јавни институции откриле присуство на лица во угостителски објекти без сертификати.

Од СВР-Битола соопштија дека синоќа од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола.
-При контролата, во објектот на улицата „Широк сокак“ пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци. Од Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци, информираат од СВР-Битола.
Во соопштението се нагласува дека во објектот на улицата „Партизанска“ констатирани се прекршоци, карање, викање и дрско однесување и нарушување на јавен ред во пијана состојба. Лишено од слобода е едно лице заради спречување на службено лице при вршење на должност, а од Државен пазарен и инспекторат констатирано е присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.