Пронајден затвореникот кој и побегна на полицијата


Полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на полицајците кои го транспортирале на преглед, потврди МВР.

Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.

Како што соопшти  директорот на затворот Боби Мојсовски, тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич.