Пронајден сензор за надзор на физичката дистанца на работното место


 

Израелската компанија „Поинт Граб“ направи сензори за следење на физичкара дистанца меѓу работниците на работното место. Нивниот пронајдок ќе им помогне на надредените во организацијата на работниот простор во текот на пандемијата од корона вирус.

Сензорот е со големина на аларм за детекција на чад, а со него се вчитува точната положба и бројот луѓе во даден простор – канделарија, хотел или ресторан.

Меѓу првите компании кои се одлучија да ги купат овие сензори е „Делоит“. Оваа корпорација ги инсталира сензорите во своите простории во Лондон.

Сензорите се поврзани со екрани во простории, а на кои е можно да се види кои маси и други заеднички површини се слободни.

Извршниот директор на „Поинт Граб“, Дорон Шахар тврди дека нивната иновација значајно им помогнала во „Делоит“. Со сензорите се вчитува и колку луѓето се оддалечени едни од други и каде се движат во објектот.

Меѓудругото, благодарение на сензорот може да се направи предупредување кое се вклучува кога две лица се блиску едно до друго на помалку од два метра и подолго од половина минута.

И некои други компании во светот направија технологии за контрола на физичкото дистанцирање и дали се носат заштитни маски.

Сензорите на „Поинт Граб“ , или повеќе од 10.000 од нив купија и „Кока-кола“, „Фејсбук“ и „Дел“. Во оваа израелска фирма се свесни дека нивниот производ нема да им се допадне на работниците, но уверуваат дека тој служи само за тоа за што е направен – не ја нарушува приватноста, пренесе Си-ен-ен.