Пронајден исчезнатиот ученик од Драчево, како стигнал до автобуска?


Михаил е пронајден, во добра здравствена состојба и е вратен во семејството, потврдуваат од МВР, иако додаваат дека случајот не бил пријавен кај нив.

Неофицијално, детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана, а се истражува како стигнал до таму.

Ученикот Михаил се изгуби вчера, а неговата мајка молеше за информации за изгубениот син и по социјалните мрежи, откако случајот го пријавила и во полиција.

Имено, како што пишува мајката, Михаил заминал во училиште во вторникот наутро, но до таму не стигнал.

Михаил е облечен во сива маичка без ракави, сини шорц-панталони и сини патики со бело знакче „најк“.

Мајката Анета Илијевска, молеше, доколку некој има информации за детето да ја контактираат или да се јават во полициската станица во Драчево.