Пронајден човечки труп во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица


Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

Додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.