Промовирана поврзувачка порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија

Денес, општина Чаир официјално ја промовираше поврзувачката порта помеѓу Бит Пазар и Старата Чаршија. Градоначалникот Висар Ганиу вели дека ова е проект со големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот.
„Овој современ конструкциски објект, изработен од челик и стакло, претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори во градот. Покрај заштитата од атмосферските влијанија, оваа инвестиција го збогатува урбаниот карактер на Чаршијата, зачувувајќи го духот на живиот и динамичен пазар“, посочи Ганиу.