Промотивна трка „Ќе брмчи Иџе“ во чест на хероите


Автомобилистот, Игор Стефановски-Иџе, денеска возеше низ празните улици на Скопје во чест на хероите кои се на првите линии во борбата со коронавирусот.

Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот.Тој возеше од Лисиче, преку Аеродром, Центар и Карпош,а буката од неговиот автомобил ечеше во типината на полицискиот час.

– Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност – порача Иџе.

И министерот за внатрешни работи Наќе Чулев присуствуваше на трката и му се заблагодари на поддршката на Иџе. Чулев сподели неколку фотографии на фејсбук од средбата со автомобилистот.