Промоција на зборникот трудови „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“


Фото: Б. Грданоски

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје, денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на зборникот трудови „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“ . 

Промотор на зборникот ќе биде проф. д-р Славица Србиновска, а извадоци ќе читаат студентите од Катедрата за општа и компаративна книжевност.