Промоција на стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова


Во организација на НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и издавачката куќа „Макавеј“, денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова.

Како што информираат од „Макавеј“, препевот од бугарски е на Валентин Таневски.

Како промотори се најавени Душко Крстевски и Бранко Цветкоски. Предвидени се обраќања на Антонија Велева, директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и Иван Андонов, претседател на читалиште „Братство 1869“, додека стихови, според најавеното, ќе чита Мила Димишковска.

Промоцијата ќе се одржи во Центарот за конференции и студии при НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Изданието може да се купи во електронската продавница на „Макавеј“.