Промоција на публикација По рутата на Кирил и Методиј

Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вечер во 19 часот во Јуроп хаус – Скопје ќе се одржи промоција на две изданија – на часописот Европа: по рутата на Кирил и Методиј – туристичка публикација во издание на Look at it.cz од Чешка и на преводот на македонски јазик – романот „На убавата сина Джевнице“ од чешкиот писател Антонин Бајаја во издание на ПЕРУН АРТИС од Битола.
На настанот, како што информираат организаторите, ќе присуствуваат бројни гости од Чешка и Словачка, како составен дел на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа.
Утре, пак, со почеток во 10 часот во „Порта Македонија“, ќе се организира Генерална асамблеја на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа, во која членува и Македонија, на која поздравно обраќање ќе има министерот за култура и туризам на РС Македонија Зоран Љутков.
Министерството за култура и туризам е носител на Програмата за Културните рути при Советот на Европа.