Промоција на податоците од истражувањето за влијанието на КОВИД-19 врз сексуалното и репродуктивно здравје кај младите


Фото: Б. Грданоски

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА денеска ќе одржи „Конференција за дисеминација на Националниот извештај“ од спроведеното истражување на тема „Влијание на Ковид-19 пандемијата врз сексуалното и репродуктивно здравје, права и потреби кај младите во Македонија“.

-Во период од јуни до декември минатата година со финансиска поддршка од IPPF учествувавме во спроведувањето на регионално истражување на тема „Влијание на Ковид-19 пандемијата врз сексуалното и репродуктивно здравје, права и потреби кај младите во Западен Балкан“, во партнерство со земјите кои учествуваат во проектот „Youth Voices, Youth Choices“, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово, информираат од ХЕРА.

Истражувањето содржи податоци за состојбата на младите во поглед на нивното сексуално и репродуктивно здравје и права, но и препораки за нејзино унапредување на национално ниво.