Промоција на „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски
По десет години, македонскиот автор и професор Венко Андоновски се враќа на сцената со нов роман. Промоцијата на „Папокот на светлината“ , во издание на издавачкиот центар „ТРИ“е закажана вечерва, 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов.

Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“.