(Видео) Промоција на новите албум и книга на „Ван Гог“ во Скопје


Во Скопје задутре ќе бидат промовирани новите албум и книга на српскиот рок-бенд  „Ван Гог“ на 13 јуни во Скопје, во организација на „Баки комуникации“.

Неодамна групата го издаде својот нов, десетти по ред студиски албум „Море без обала“, кој македонската публика веќе имаше можност да го преслуша. Деновиве светлото на денот го здогледа и ексклузивниот транспарентен син винил од истиот албум, а истовремено од печат излезе и книга чиј автор е Звонимир Ѓукиќ.

„Возбудени сме што доаѓаме повторно во Скопје и со нетрпение ја очекуваме средбата со медиумите и со нашите фанови“, вели Ѓуле. Во Македонија секогаш сме имале незаборавни настапи! Не случајно и промоцијата ја правиме меѓу првите во регионот.

Роден е во 1963 година, на иста возраст како Квентин Тарантино, Џулијан Ленон и Џони Деп.

Звонимир Ѓукиќ е познат како пејач, гитарист, текстописец и фронтмен на „Ван Гог“. Со оваа група тој сними десет студиски албуми, наполни многу сали во Србија, регионот и во светот, а двапати ја освои регионалната музичка награда на „Ем-Ти-Ви“.