Промоција на нова туристичка тура „Монументал МК“


Фото: Б. Грданоски
Институтот за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ денеска ќе промовира нов туристички водич и мобилна апликација на пет јазици, како и веб страна и промотивни сувенири за новата туристичка тура „Монументал МК – споменици и бруталистичка архитектура“.
Целта е да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција. Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија.
Мобилната апликација Monumental MK e веќе достапна на Google Play и iStore како и сајтот www.monumental.mk