Промоција на монографијата „Горан во Драмски“ во Прилеп


Драмски театар – Скопје денеска ќе ја промовира монографијата „Горан во Драмски“, чиј приредувач е Александра Бошковска. Промоцијата ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп во рамки на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

– Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Горан Стефановски како драмски писател и дава осврт на драмски текстови (напишал над 30 драмски текстови, од кои повеќе од 14 се премиерно изведени во Драмски театар Скопје), сценски либрета и едночинки. Во книгата се автентично претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале оживувајќи ги Горановите дела во Драмскиот театар, соопштија од Драмскиот театар во Скопје.