Промоција на книгата „Децата на партијата“ од Серјожа И. Марков


 

Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје, денеска ќе се одржи промоција на книгата „Децата на партијата“ од Серјожа И. Марков.

-На страниците од ова ретко возбудливо четиво дефилираат автентични ликови, кои во деведесетите години на минатиот век ќе го пробудат националното чувство кај македонскиот народ. Всушност, авторот дава широка слика на првите години од осамостојувањето на нашата држава, во која идеализмот и политичкиот романтизам заземаа посебно место. Особено возбудливи се страниците, во кои се говори за челниците од тоа време, кои идеалите ги заменија со бизнис цели, така што денес тие „прераснаа“ во „големи бизнисмени“, соопштија од „Матица Екслузив“.

Серјожа И. Марков по професија е адвокат и ко-основач на адвокатско друштво. Стана познат од периодот кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕи кога неговата адвокатска канцеларија „Чукиќ и Марков“ беше главна преку која се водеа бизнисите и одеа купопродажбите на имот на фамилијата на власт. Со одлука на владата на ВМРО-ДПМНЕ стана и почесен конзул  на Република Молдавија во Македонија.

Книгата „Децата на партијата“ ќе ја промовира македонскиот писател и полиглот, Паскал Гилевски.