Промоција на книгата „Цветната дружина“
Првата македонска инклузивна, едукативна и интерактивна книга за деца „Цветната дружина“ денеска ќе биде промовирана. Книгата ја напиша Ирена Поповска, ја илустрираше Никола Радуловиќ, а ја дизајнираше студиото „Кома“. Издавач на публикацијата од 72 страници е „Пркос“.
Во книгата се раскажува за десет посебни деца и за нивните десет омилени цвеќиња.
Промотори на книгата се рецензентот Никола Гелевски – писател и уредник на порталот „Окно“ и на издавачката куќа „Темплум“, како и Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор и потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам.