Промоција на книгата „Бошњаците пред предизвиците на глобалните политички процеси“ од Адмир Лисица


Книгата „Бошњаците пред предизвиците на глобалните политички процеси“ од авторот Адмир Лисица ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Музејот на македонската борба, информираат организаторите, здруженијата „Диван“ и „Диванхана“.

– За книгата ќе зборуваат професор доктор Зеќир Рамчиловиќ, Џелал Хоџиќ и Мустафа Градашчевиќ, а на присутните ќе им се обрати и самиот автор. По промоциите во регионот, ова е трета промоција на книгата, каде се обработуваат процесите низ кои поминаа Бошњаците во периодот од Берлинскиот конгрес од 1878, до Дејтонскиот договор, 1995 година, со главен фокус на периодот на 20. век, се појаснува во соопштението.

Адмир Лисица од Босна и Херцеговина е историчар и политички аналитичар за состојбите во регионот и за меѓународните односи. Тој е автор на повеќе трудови и три книги.