Промоција на книга на Нано Ружин во Белград


Промоција на книгата на Нано Ружин  “European idea and Balkan ikonography” преведна на англиски јазик се одржа во Свечената сала на град Белград. Промотор беше Жорж Превелакис, професор на Сорбона и актуелен амбасадор на Грција во ОЕЦД, кој воедно го напиша и воведот на книгата.

На овој настан присуствуваа добитникот на Нобелова награда за мир од 2015, Уидед Бушамауи,, Ехард Бусек, специјалниот коорднатор на Пакотот за стбилност, Валас Дон, председател на Меѓународниот правен институт од Вашингтон, Џонатан Бредли од Универзитетот Вест Енгланд, Николас Маклин, академиците Владо Камбовски, Паскал Мило, Борис Шмелев и Љубиша  Адамовиќ, Миодраг Вуковиќ, Миодраг Ивановиќ, Јоже Куниќ и други. Во воведниите напомени промоторот Жорж Превелакис истакна дека е  мошне мал бројот на истражувачи кои се фокусирани врз научната анализа на иконографиите и нивната еволуција.

-Ова е прв пример на успешно  аналитичко-синтетичко  вкрстување на европската идеја и балканските иконографии, низ оваа прекрасна и драгоцена студија на д-р Нано Ружин. Денес живееме во светот на иконографијата која често била корисна за зачувување на нашиот идентитет но и злоупотребувана од страна на разните демагози и диктатори. За иконографијата се живеело и се умирало. Сакам искрено да му се заблагодарам на авторот Ружин за овој драгоцен научен придонес, истакна Превелакис