Промоција на книга „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ Стојковска


 

Во „Салон Империјал 2“ на Културно-информативниот Центар – Скопје вечерва од 19:19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска.

Гордана Јовиќ – Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги.

Автор е и на повеќе детски ТВ драми и серијали реализирани во МТВ и добитник на повеќе меѓународни и домашни награди. Нејзините дела се преведувани на над 20 светски јазици.

Книгата ќе ја промовираат Елизабета Јончиќ и Иван Антоновски, а извадоци од книгата ќе чита авторката.