Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија во Јуроп Хаус


Фото: Б. Грданоски
Денес на 10 септември, во 10 часот во Јуроп Хаус Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa ќе ја одржи Промоцијата на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија.
 
Настанот ќе започне со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, по што ќе следува панел дискусија со истакнати експерти и новинари.
 
Панелот ќе се обиде да одговори на прашањето: Дали македонските медиуми можат да ја исполнат улогата од јавен интерес? Дискусијата ќе понуди уникатна можност за размена на мислења меѓу истражувачи, претставници од граѓанското општество, медиумски професионалци и меѓународни партнери.
 
Извештајот нуди детален преглед на моменталната состојба на слободата на медиумите во Северна Македонија. Тој го истакнува напредокот во изминатите години, но ги посочува и постојаните предизвици како што се дезинформации, политички и економски притисок, безбедност на новинарите и празнините во регулацијата на медиумите. Извештајот содржи и конкретни препораки упатени до државните институции, медиумски засегнатите страни и меѓународната заедница, за да се зајакне медиумската независност, плурализмот и отпорноста.