Промоција на „Екс ЈУ Рок Енциклопедија“ во Скопје и во Куманово


Во организација на Српскиот културно-информативен центар Спона, в понеделник (3 јуни, во 20 часот, ќе се одржи промоција на четвртото издание на „Екс ЈУ Рок Енциклопедија“, на авторот Петар Јањатовиќ.

Во присуство на авторот, ќе се зборува и за музичката литература во регионот, воопшто, за најновите биографски книги објавени на овие простори, а програмата предвидува таа вечер во еден дел да биде и вечер на ЈУ Рок поезија, бидејќи ќе биде промовирано и новото издание на збирка на ЈУ Рок поезија – Песме братства, детињства и потомства, на истиот автор.

Југословенска рок поезија ќе чита професорката Татјана Алексиќ, додека модератор на програмата ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

Следниот ден,, (вторник, 4. Јуни), во 19 часот, истата програма ќе биде репризирана во бар „Подрум“ во Куманово.